Полицајци си уапсија колега во Скопје, бил агресивен

0
241

На 07.09.2020 околу 03 ч. на ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода М.Д. (полициски службеник) затоа што при контрола на неговото возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки одбивал да даде документи за идентификација и се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Тој бил приведен во Полициското одделение Шуто Оризари, по што е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за натамошна постапка.