Полицијата санкционира 353 возачи во Скопје

0
49

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 353 мерки.

Од нив, како што информира МВР, 45 се за возење без возачка дозвола, 29 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 40 мерки за некористење на сигурносен појас, 20 за користење на мобилен телефон, а изречени се и 95 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се додава во соопштението на Министерството.