Полицијата трага по пироманот кој се снимаше како пали јавни површини

0
88

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување видеа „Тик-ток“ се снима додека врши палење на јавни површини.

Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациска единица која постапува по сторени кривични дела од таа област. МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот.