Полицијата уапси крушевчанец заради грабежот на филијалата на Уни банка

0
97

Приведено е едно лице осомничено за вчерашниот вооружен грабеж на филијалата на Уни банка во Крушево, информира денеска полицијата. Според информациите, станува збор за 51-годишниот Т.С. од Крушево во чиј дом денеска по наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп бил извршен претрес.

Осомничениот со пиштол и маска влегол во експозитурата на банката вчера околу 16 часот кога немало многу клиенти. Откако им се заканал на тројцата вработените одзел пари во вредност од околу 25 илјади евра, а вработените ги заклучил во помошна канцеларија и избегал по споредна улица покрај банката до излезот на градот.

Уни банка денеска соопшти дека во овој немил настан, нема повредени и вработените биле безбедни и во добра состојба.

– Средствата на нашите клиенти се сигурни, бидејќи Банката има осигурување на целиот свој имот и средства. Паралелно, работиме со истражните органи на утврдување на висината од направената штета, за што ќе ја известиме јавноста дополнително, се наведува во соопштението.