Полицијата за еден ден казни 301 возач во Скопје

0
37

Полицијата за еден казни 301 возач во Скопје, од кои 69 за пречекорена брзина, а 14 за минување на црвено светло.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 301 санкција, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 69 казни, 14 возачи се казнети зошто поминале на црвено светло и 22 за технички неисправни возила.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, казнети се и пет мотоциклисти, 64 казни се напишани за непрописно паркирање, 63 возила се подигнати со „пајак“ и напишани се 42 казни за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.