Помпео: САД остануваат силен сојузник, ќе ги поддржиме вашите напори за европска интеграција

0
248

Оваа година ѝ честитаме на Северна Македонија што стана 30-та членка на НАТО и ја поздравуваме посветеноста на вашата земја за регионален и глобален мир и безбедност, што се рефлектира преку ова достигнување, напиша државниот секретар на САД, Мајк Помпео, по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Во честитката објавена на веб-страницата на Стејт департментот, Помпео наведува дека САД остануваат цврст сојузник на Република Северна Македонија, и вели дека Соединетите држави се охрабрени од напредокот на патот кон членството во ЕУ и ќе продолжат да ги поддржуваат напорите за постигнување европска интеграција.

„Неодамнешните парламентарни избори во Северна Македонија беа мирни и успешни во невидени околности и ние го цениме вашето тежнеење кон демократските идеали, транспарентноста и силното владеење на правото. Вашите достигнувања ќе помогнат во обликувањето на идната насока кон која ќе се движи регионот на Западен Балкан“, додава Помпео во честитката.