Поради корупција, во БиХ уапсени 17 сообраќајни полицајци

0
320

Во полициската акција наречена „ДАР 1“, спроведена на подрачјето на кантонот Сараево, Зеничко-добојскиoт кантон и во источно Сараево, уапсени се 17 полицајци.

Ова го соопшти Обвинителството од кантонот Сараево.

Според сараевскиот портал „Кликс“, ова е најголема акција во полициските редови во повоениот период во БиХ.

„Се преземаат мерки и активности против 17 полицајци од одделението за сообраќај при Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, кои се осомничени дека извршиле повеќе од сто кривични дела во последните неколку месеци“, се вели во соопштението.

Кривичните дела се однесуваат на злоупотреба на положбата и овластувањата.

Акцијата била спроведена по наредба на Општинскиот суд во Сараево, а извршени биле претреси на 17 локации.