Поранешниот градоначалник на Центар Жупа почина од коронавирус

0
243

На 52-годишна возраст синоќа почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа. Од општината информираат дека Хасан починал во болнички услови во Скопје каде бил хоспитализиран повеќе од две недели, откако му било дијагностицирано дека е позитивен на коронавирусот.

Хасан родум е од селото Коџаџик, област Горна Жупа е оженет и татко на три возрасни деца. Голем дел од животот помина во Италија, каде важеше за еден од најбараните реставратори. Го нарекуваа и некрунисан амбасадор на македонската култура во Италија, поради неговиот придонес за претставувањето на С.Македонија на Венецијанското биенале.

Градоначалник на Центар Жупа беше 2009 – 2013 година. Со негово залагање покрај другите проекти што беа реализирани, во 2012 година е изградена Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Ќемал Ататурк, врз темелите на куќата на неговиот татко Али Риза.

Погребот според востановените протоколи ќе биде во неговото родно Коџаџик.