Потпретседателката на ЕУ парламентот Ева Каили уапсена поради корупција

86

Белгиската полиција синоќа во Брисел ја уапси потпретседателката на Европскиот парламент, грчката политичарка, Ева Каили (44), пренесува Дејли мејл. Апсењето на Каили во врска со истрагата за корупција која ги вклучува и домаќините на актуелното Светско првенство во Катар, уследило откако претходно биле притворени уште четворица осомничени.

Белгискиот весник Ле Соир, извести дека властите извршиле претрес во станот на европратеничката и дека во врска со скандалот бил уапсен и нејзиниот партнер.

Апсењето било спроведено откако се откриени 600.000 евта во готово, при полициска рација спроведена на 16 адреси во Брисел Обвинителите не го прецизирале идентитетот на осомничените ниту името на земјата за која станува збор, наведувајќи само дека станува збор за „заливска држава“.

Каили со одлуката на партискиот лидер беше исклучена и од партијата.

-По последните случувања и истрагата на белгиските власти за корупција на европски функционери, европратеничката Ева Каили со одлука на претседателот на ПАСОК-Движење на промена Никос Андрулакис е исклучена од партијата, соопштија од партијата.