Повратниците од одморите направија проблем во Австрија

395

Во последните 24 часа во Австрија се регистрирани 328 нови случаи на коронавирус, од кои 130 се во Виена.

Во Виена, како што беше соопштено, за зголемувањето на бројот на новозаразени виновни се повратниците од одморите, пред сè, од Хрватска, Турција и од Косово.

Исто така, има многу такви што се заразиле од вирусот додека биле на одмор во некоја друга австриска покраина.

Во Австрија моментно има 3.104 активни случаи, од кои 145 се хоспитализирани.

Во текот на изминатите 24 часа биле направени 14.044 теста, 4.934 повеќе од претходниот ден.

Од почетокот на епидемијата во Австрија, 26.187 лица се позитивни на коронавирусот, од кои 22.317 се излекувани.