Пожар во кафеана во Автокоманда, двајца повредени

359

Две лица се тешко повредени во пожар што избувнал во угостителски објект на булеварот Александар Македонски во Скопје.

Тие се обиделе да го изгаснат огнот, при што добиле тешки повреди. Н. Т. (36) и Љ. Т. (52) биле итно пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од другите вработени. Се работи на расчистување на случајот.