
Пожар претпладне избувна во објект во којшто е сместено казино во скопската населба Ѓорче Петров. Огнот прво ја зафатил кровната конструкција на објектот.
По пријавата на пожарот на локацијата веднаш се упатиле противпожарни екипи. Според сознанијата нема повредени лица а пожарот го гасат 5 екипи на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Додека трае гаснењето на пожарот, сообраќајот на главната улица „Ѓорче Петров“ се пренасочува кој околните сообраќајници.