Со 98 гласа „за“ пратениците ја донесоа предлог-одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите во Собранието.
По повеќе од еден месец пауза, Собранието ги доби работните тела, со што се создадени услови за разгледување на предложените законски решенија, нивни измени, како разгледување и носење одлуки.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во овој парламентарен состав ќе раководат со по осум собраниски комисии, ДУИ со три, а Беса, Алијансата за Албанците и Алтернативата ќе добијат по една собраниска комисија.
По изгласувањето на одлуката, собранискиот спикер Талат Џафери даде пауза од еден час по што ќе следува втората точка на дневниот ред – верификација на мандатот за пратеник на местото на министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.