Прегазен 59-годишен пешак во Скопје

0
59

Прегазен пешак во Скопје. Имено,на 26.09.2020 во 00.20 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(38) од Скопје, удрило во пешакот О.С.(59) од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Полицијата работи на расчистување на случајот.