Прегазен пешак во Тетовско

0
246

Шеесет и едногодишен пешак од Тетовско загинал во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер на регионалниот пат Тетово- село Теново.

Според информациите на МВР, автомобил „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од село Милетино удрило во Г.М.(61) од ело Радиовце.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово.