Прекината семејна веселба во Гостивар, приведен е сопственикот на ресторанот

0
43

Полицијата вчера приведе 32-годишен сопственик на угостителски објект во селото Добридол, Гстиварско, поради сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

По претходна пријава, полициски службеници и инспектор од Државниот пазарен инспекторат Гостивар извршиле контрола во угостителскиот објект, кој од претходно бил затворен од ДПИ – Гостивар, при што во објектот биле затекнати повеќе лица кои присуствувале на семејна веселба.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од МВР.