Изутринава, околу 6 часот, во скопското село Синѓелиќ од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршен е претрес во домот на С. А (32) и на уште неколку локации и притоа пронајдени се огнено оружје „застава“ со 9 куршуми, хероин и една дигитална вага.
Приведен е С. А. и по документирањето на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.