Прилепчанец удрил во ѕид со машина за сечење дрва, двајца повредени

342

Синоќа во МВР било пријавено дека на ул.„Тризла“ во Прилеп С.С. (39) од Прилеп, управувајќи машина за сечење дрва „аран“ удрил во ѕид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.М., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, а со повреди се здобил С.С.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Прилеп.