Прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола

0
56

Педесет и двегодишен прилепчанец загина во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола.

Според информациите на МВР, вчера во 11.15 часот било пријавено дека на патот Прилеп-Битола, пред клучка „Лагово“, патничко возило „фиат браво“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.П.(52) од Прилеп, излетало од патот.

На местото на незгодата починал возачот. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител.