Притворен дилер на дрога во Битола​

0
47

Судот му определи притвор на  битолчанец во чиј дом биле пронајдени дрога и пари.

Основното јавно обвинителство Битола отвори истрага против едно лице во Битола за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

По извршен претрес во домот на осомничениот во Битола на 14 ноември биле пронајдени 4.233 таблети МДМА-екстази, 3473,4 гр амфетамин и 1631,4 грама марихуана, како и околу 2.500 евра и 200.000 денари.

Со отворање на истражната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Битола достави и предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице со цел непречено одвивање на кривичната постапка. Судот со решение го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​