Приведен дилер од Драчево

0
55

Во вечерните часови на 14 октомври скопската полиција во Драчево го уапсила 37-годишниот скопјанец Д. Г.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен врз основа на судска наредба, била пронајдена марихуана и вага со остатоци од марихуана.

Дилерот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.