Приведен крадец од Тетово, расчистени 15 тешки кражби

0
32

Полицијата приведе 28-годишен жител на Тетово осомничен дека извршил петнаесеттина тешки кражби.

Според информациите на МВР, полицијата вчера околу 11.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го привела 28-годишниот тетовец Ш.И., поради основано сомнение дека е извршител на петнаесеттина тешки кражби.

Тешките кражби во најголем број биле извршени во колонијални продавници, од почетокот на овој месец досега, претежно во Тетово и околните села Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други.