Фатен крадец во Бутел кој нападнал жена. Имено, приведен е крадец којвчера попладне нападнал жена во скопската населба Бутел 1, а притоа ѝ украл златно синџирче.
Од полицијата информираат дека станува збор за 22-годишен скопјанец со иницијали Ф. С.
-Тој малку пред да биде приведен, на крстосницата помеѓу улиците Хо Ши Мин и Лазо Дренков ја нападнал М. Л. и од неа украл златно синџирче, информираат од МВР.
По приведувањето, го признал делото и против него ќе биде поднесен соодветна пријава.