Приведен скопјанец во чиј дом било пронајдено огнено оружје

0
48

Утрово во периодот од 6 до 7:30 часот скопската полиција извршила претрес во домот и други простории на 51-годишниот Н.Б. од скопското село Копаница.

Како што информираат од МВР, при претресот биле пронајдени и одземени 20 куршуми калибар 9 милиметри наменети за полуавтоматски и автоматски пиштоли и еден пиштол.

Селанецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.