Приведен сопственик на угостителски објект во Групчин, работел и по 21 часот

0
32

Полицијата приведе сопственик на локал во Групчин, кој работел и по 21 часот спротивно на мерките на Владата.

Синоќа, околу 23.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А. Ш. (21) од тетовското село Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово – Скопје во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој имало гости.

Тој е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.