Приведени тројца малолетници, кои украле златни синџирчиња

0
102

Полицијата приведе тројца малолетници поради сомнение дека се сторители на кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

„На 22 септември, во периодот од 10.30 до 11 часот, на автобуската постојка на улицата 11 Октомври во Скопје, Ј. П (67) од Кратово пријавила дека со употреба на сила од вратот ѝ биле одземени две златни синџирчиња. По преземените мерки од страна на полициски службеници, сторителите биле пронајдени и од нив биле одземени синџирчињата“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.