Приведени тројца скопјани за тешка кражба во маркет

0
40

СВР Скопје  поднесе кривична пријава до Скопското јавно обвинителство против А.Б.(26), А.Ј.(23) и И.Г.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело тешка кражба во маркет во населба Ѓорче Петров, при што се стекнале со противправна имотна корист од околу 804.700 денари.

„Врз основа на информациите на А.Б., кој пред две години работел во маркетот како обезбедување и ја знаел целосната поставеност на просториите во маркетот и на камерите од видеонадзорот, на 17 април околу 23:00 часот, преку имот што граничи со маркетот, влегле во задниот дел од објектот, по што А.Ј. ја скршил камерата за видеонадзор и го деактивирал сензорот за аларм во маркетот. Откако А.Б. и А.Ј. влегле внатре во маркетот, ги скршиле сите камери за надзор, го одзеле сефот со пари од дневен промет, како и поголема количина на цигари, парфеми, кремови, лосиони и алкохолни пијалаци. По тоа, во возило на третопријавениот И.Г. го товариле предметите и заминале“, информираат од Обвинителството.

По преземени мерки од Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров – Одделението за криминалистички работи, по насоки и во содејство со ОЈО Скопје, било утврдено дека А.Б., А.Ј. и И.Г. го испланирале и го извршиле кривичното дело..