Пронајдени мигранти во камион

0
36

Пет мигранти од Либија се откриени во камион на царински терминал во Тетово по што се приведени во полициска станица за понатамошна постапка. Случајот бил пријавен утрово околу 9 часот и 20 минути.

-Во СВР Тетово било пријавено дека околу 8 часот и 30 минути во товарно моторно возило влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат непознати лица-мигранти.На местото веднаш излегле служби на СВР Тетово и во возилото биле затекнати 5 лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација.

Петмината мигранти ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово за натамошна постапка.