Пронајдени три рачни бомби на фудбалско игралиште

0
245

Вчера во 12.45 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на фудбалското игралиште во с.Долно Оризари, Битолско, при изведување на градежни работи, биле пронајдени три неактивирани рачни бомби, кои потекнуваат од Првата светска војна. Бомбите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, соопшти полицијата.