Првото рочиште за стечајната постапка за „Еуростандард банка“ е закажано на 8 октомври

0
55

Стечајната постапка над должникот „Еуростандард банка“ АД Скопје му е доверена на стечајниот управник Душко Тодевски од Скопје. Првото рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања е закажано за 8 октомври, информираат од Основниот граѓански суд во Скопје.

„Усвоен е предлогот за отварање стечајна постапка над должникот ‘Еуростандард банка’  АД Скопје и за стечаен управник е определен Душко Тодевски од Скопје. По предметот СТ-123/20 е закажано рочиште за испитување и утврдување на пријавените побарувања и извештајно собрание на доверители на ден 8.10.2020 година во 13 часот“, се вели во соопштението.

Народната банка на 12 август годинава ја одзеде дозволата на „Еуростандард банка“ поради неисполнување на минимални законски услови за работење. Граѓаните ќе добијат обесштетување од „Еуростандард банка“ по 20 дена во вредност до 30 илјади евра.