Работник тешко повреден во ХЕЦ Маврово

311

Работник се здобил со тешки повреди додека ги извршувал работните обврски. Имено, на 18.09 во 19.30 часот во Полициска станица Гостивар било пријавено дека во Медицински центар Гостивар бил донесен П.Т.(51) од Гостивар, кој се здобил со тешка телесна повреда додека бил на работно место во ХЕЦ Маврово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.