Рама со обраќање на српски: Мило, фала ти што постоиш!

0
111

Во финишот на предизборната кампања во Црна Гора, Демократската партија на социјалистите доби поддршка од албанскиот премиер Еди Рама, објави „Спутник“, повикувајќи се на информации од црногорски портали.

Како што се наведува, албанскиот премиер снимил видео порака со поддршка за Демократската партија на социјалистите во Црна Гора, во која се обраќа на англиски јазик, но во одредени моменти додава и реченици на српски како „Решително за Црна Гора“, што е слоганот на изборната кампања на ДПС и додава: „Драг Мило, благодарам што постоиш“, пренесува „Спутник“.

Тој зборува и за добрите односи меѓу него и Ѓукановиќ, пријателството што тие го имаат и на тој начин им дава поддршка на властите во Црна Гора.https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=makfax&dnt=false&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1298514659755130880&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2F%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25be-%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bc%25d0%25b0-%25d1%2581%25d0%25be-%25d0%25be%25d0%25b1%25d1%2580%25d0%25b0%25d1%259c%25d0%25b0%25d1%259a%25d0%25b5-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d1%2581%25d1%2580%25d0%25bf%25d1%2581%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25bc%25d0%25b8%25d0%25bb%25d0%25be%2F&siteScreenName=makfax&theme=light&widgetsVersion=223fc1c4%3A1596143124634&width=550px