Расправија во спортска обложувачница завршила со напад и закана со пиштол

0
74

ВР Штип поднесе кривична пријава против Б. С. (38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

„На 14.7.2020 во спортска обложувачница на улицата Маршал Тито во Штип, пријавениот, по вербална расправија, со пиштол му се заканувал на Ј. С. од Штип по што и физички го нападнал“, велат од полицијата во дневниот билтен.