Разочараниот еврокомесар Вархеjи денеска доаѓа во Скопје

0
45

Во Скопје повторно ќе дојде некој од еврокомесарите. Имено, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во рамки на неговата турнеја низ регионот која ги опфаќа и Хрватска, Бугарија и Албанија, денеска ќе ја посети Македонија. Дали доаѓа повеќе за да ни каже нешто или пак да слушне што граѓаните во Македонија мислат, засега не е познато.

Инаку, Вархеји во Скопје ќе допатува од Софија каде што вчера оствари средби со бугарскиот државен врв.

Во Софија тој учествуваше и на конференција за зајакнување на регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ, насловена „ЕУ се среќава со Балканот. Лекцијата од Украина: Европското проширување – заштита од војна“. За време на настанот, Вархеји вчера порача дека е разочаран за блокадата за почетокот на преговорите и дека нема време за губење.

-Сите земји членки мора да веруваат во моќта на процесот на проширување. Бев во Софија пред две или три недели и сега сум повторно тука и секогаш ќе бидам среќен да доаѓам во Софија толку често колку што е потребно за да донесеме одлука до јуни оваа година, рече Вархеји.

Останува да се види дали тој и овде ќе остане разочаран или разочарувањето како по обичај е резервирано за Македонија.