Регистрирани 72 новозаразени со коронавирус, починаа 3 лица

0
235

Во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 24, Куманово – 6, Дебар – 4, Штип – 3, Прилеп – 1, Тетово – 2, Струга – 9, Велес – 1, Охрид – 1, Кавадарци – 1, Гостивар – 4, Гевгелија – 3, Крива Паланка  – 1, Радовиш – 1, Кочани – 3, Пробиштип – 1, Берово – 1, Валандово – 1, Виница – 1, Делчево – 3, Свети Николе – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравен пациент од: Скопје – 8, Куманово – 7, Штип – 4, Тетово – 1, Струга – 4, Велес – 2, Битола – 2, Охрид – 4, Гостивар – 11, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 2, Кочани – 1, Берово – 1, Виница – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 2.

Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44 г.), пациент од Гостивар (58 г.) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79 г.). Сите се починати во болница.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.293, бројката на оздравени пациенти е 12.754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905. Денеска се регистрираат пет контролни од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6177, активни 588
• Куманово 1554, активни 230
• Дебар 264, активни 31
• Штип 1191, активни 90
• Прилеп 532, активни 140
• Тетово 1260, активни 105
• Струга 604, активни 60
• Велес 281, активни 21
• Битола 231, активни 40
• Охрид 377, активни 53
• Кавадарци 191, активни 26
• Гостивар 825, активни 103
• Гевгелија 77, активни 45 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 83, активни 30
• Крива Паланка 62, активни 18
• Радовиш 48, активни 8
• Крушево 17, активни 1
• Кочани 169, активни 39
• Пробиштип 91, активни 16
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 80, активни 13
• Пехчево 38, активни 26
• Берово 69, активни 35
• Валандово 10, активни 2
• Виница 84, активни 27
• Делчево 111, активни 80 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 6
• Свети Николе 302, активни 25
• Кичево 286, активни 40
• Ресен 147, активни 0
• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 793 теста се преку: ИЈЗ-254, ЦЈЗ Скопје-7, Авицена-181, Биотек-80, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-121, Систина со PCR-метода -98, лабораторија Лаор –1, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-4, ГАК-14, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 63, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 2 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, 5 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 56
• Гази Баба – 75
• Аеродром – 98
• Карпош – 68
• Центар – 65
• Кисела Вода – 55
• Ѓорче Петров – 37
• Бутел – 39
• Шуто Оризари – 23
• Студеничани – 16
• Сарај – 16
• Арачиново – 10
• Илинден – 12
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 1
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 4
• Нераспределен-4