Рекорден број нови случаи на коронавирус во Словенија

356

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 79 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се зголеми на 3.312, од кои 519 се активни случаи, објави во средата словенечката влада.

Ова е рекорден број на нови случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата и зголемување за 37 во споредба со претходниот ден.

Досега на дневна основа најголем број случаи биле забележани на 26 март – 61.

Во последните 24 часа се направени 2.560 тестови.

Има нови жаришта во домови за стари лица, каде има 15 новозаразени, и во некои училишта кои се отворија на почетокот на минатата недела.

Во моментов 33 пациенти се хоспитализирани, а бројот на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 135.