Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука да ја стави во мирување А-групата од суперлигашката конкуренција. Одлуката е донесена откако Голден арт КЛ7 пријави 16 позитивни случаи на коронавирусот.
Освен во Голден арт КЛ7, двајца позитивни има и во редовите на Радовиш. Овие тимови во понеделникот игра во рамките на Суперлигата.
Покрај овие два клуба, во А-група се натпреваруваат Струга, Астраион, Охрид, Тинекс Пролет и Јуниор Кисела Вода.