Рио Фердинанд: Гвардиола направи вистинско самоубиство!

0
69

Манчестер Сити синоќа е елиминиран во четвртфиналето од ЛШ од француски Лион со 3-1.

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд во студиото на тв „БТ Спорт“ ја критикуваше тактиката и изборот на играчи на Пеп Гвардиола.

„Мислам дека Гвардиола ќе мора да се погледне во огледало поради изборот на играчи и формацијата. Не разбирам зошто на ваков важен меч прејде на 3-5-2. Најкреативните играчи ги остави на клупата, а вака високо поставена одбрана беше вистинско самоубиство. Тоа беше ужасно наивно. И тој и играчите ќе мора да се преиспитаат и да се обидат повторно. Нема друго“ – вели Фердинанд.

Во телевизиското студио, заедно со него мечот го следеше и поранешниот голман на Сити, Џо Харт.

„Што и да речеме за Гвардиола, тој ќе не демантира со своите успеси. Тој во Сити дојде за да ја освои Лигата на шампиони, но можеби требаше овој меч да го одигра поинаку. Ова е тежок удар за нив и ќе им треба време да се опорават“ вели Харт.