Ристовски е пред трансфер во Динамо Москва

0
54

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се наоѓа пред трансфер во Динамо Москва, тврдат португалските и руските медиуми. Преодниот рок во Русија трае до 17 октомври.

Ристовски не се наоѓа во плановите на тренерот на Спортинг Лисабон поради што ќе мора да го смени клубот. Клубовите биле блиску до договор, иако е нејасно дали Димано ќе го позајми Ристовски или веднаш ќе го откупи неговиот договор.

Русите тврдат дека трансферот би изнесувал околу 3.000.000 евра.

Ристовски е играч на Спортинг од 2017 година, за „лавовите“ од Лисабон има одиграно 52 натпревара. Во кариерата играл за Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и за Ријека.