Родителите си ги прежалиле за неколку години, а по Тито се уште жалат

0
121
Колумна на Драган Колчаковски:
Од еден Драган, кој четири (4) пати бил во Kуќата на цвеќето – на гробот на ЈОСИП БРОЗ ТИТО:  Сите вие професори, колумнисти и т.н. препознатливи во опшеството, прашајте ги тие на возраст од 25 – 30 години, родени во независна Македонија колку им значи Тито? Колку од таа генерација склучиле брак, имаат деца… Колкумина мислат да останат и натаму во Титова Македонија? Гоце за не цел месец го прежаливме, ама Тито (…и Јованка) не ги даваме?!
Друга приказна е НАТО и други интереси? За таму и со комунистички грб може (во Европа Македонија и Белорусија се единствени грб од тоа време). Жалам, стари дртала (…и дртли), поради вашата „жал за младост” и систем на вредности задржани од еднопартискиот социјализам, нема шанси за Европската Унија и не поради источениот сосед, туку поради нашиот не – европски вредносен систем?! Единствена надеж за Македонија е низ преговорите со ЕУ. Тоа треба да биде нашата ренесанса; превреднување на сите вредности и најважното во таа наша „ренесанса”, промена во начинот на размислување. А тоа е најтешкото!
Колку што има луѓе „и живи и мртви”, како што велеше Петре М. Андреевски, толку има и вистини! Од сите можни вистини би издвоил една „категоризирана” вистина: луѓе кои жалат по Јосип Броз – Тито. Со Југославија Тито владееше 35 години, а почина пред 40 години. Него, и по 40 години уште го жалат, а веројатно после неколку години ги прежалиле сопствените родители. Тоа е нивно право и нивна работа… Си живеат и нека си живеат во минатото со своите убави сеќавања за нивното убаво минато. Единствено е лошо и тоа многу лошо, ако истото им го наметнуваат и на сопствените деца…
Децата и во сопственото детство треба да имаат сопствен светоглед со погледи и размисли за сопствената иднина! Тоа е нивна иднина, а не моја или на нивните родители. Нивното воспитување никако не може да оди наназад?! На свои 20 години (1978) бев безгрижен студент и ми беше многу убаво, и Тито беше жив, и не ми беше толку убаво, затоа што Тито беше жив, туку затоа што имав 20 години. Децата и младите што сега имаат 20 години, сега треба да им биде убаво. Ова се години на нивното детство, на нивната младост и жалам што денес не се во истото друштво со својте врсници во Шведска, Португалија, Данска… Имавме време, 30 години имавме време тоа да им го овозможиме. Не попречувале… Да, не попречуваа? И натаму ќе не попречуваат, ние не смееме нив -нашата младост, да ги попречуваме…
За тие што етикираат, за тие што никогаш во животот не напишале обично писмо, а и немале кому, за нашата црвена линија пред една деценија се изјаснив: „за универзалното право на нашето самоопределување, од нас самите именуваната култура (етнос, јазик). Култура каква што сме граделе и единствено во иднина може да градиме. За Македонци кои говорат македонски јазик; без тоа се губи и смислата, основата за постоење на оваа држава, од надвор не може да се загрози. Но ние самите може да го загрозиме…