Родриго Морено е првото засилување за Лидс јунајтед

341

Фудбалскиот клуб Валенсија го потврди трансферот на својот напаѓач Родриго Морено во Лидс јунајтед. Од потпис на договорот со клубот од „Елан роуд“, Родриго го делат само уште лекарските прегледи.

Лидс Јунајтед, кој по 16 години пауза, повторно ќе игра во Премиер лигата, за трансферот на Родриго ќе издвои 30 милиони евра плус дополнителни бонуси.

Валенсија ги продава своите најдобри играчи бидејќи клубот се наоѓа во тешка финансиска ситуација. Од „Местаља“ веќе заминаа Дани Парехо, Френсис Коклан и Феран Торес.