Алесандро Флоренци го комплетира трансферот во Пари-Сен Жермен, каде што ќе замине на заем од Рома со опција за купување за 10 милиони евра.
29-годишниот поранешен капитен ги помина медицинските тестови и ПСЖ наводно за него ќе плати само милион евра, со опција за дополнителни 9 милиони евра да го направат трансферот постојан.
„Се гордеам што станувам фудбалер на Пари-Сен Жермен бидејќи се работи за еден од најголемите клубови во Европа, што го покажа со пласманот во финалето на ЛШ. Ќе биде вистинско задоволство и чест да се игра со новите соиграчи“, изјави Флоренци.
Италијанецот, кој има 36 настапи за репрезентацијата, е роден во Рим и е навивач на Рома од своето детство и таму ја почна кариерата преку нивната академија. Во 2011/2012 тој беше позајмен на Кротоне, а во јануари 2020 беше пратен во Валенсија на уште една заем.
Флоренци има 280 меча за „волчицата“ и 28 гола и 32 асистенции, но не беше во плановите на тренерот Пауло Фонсека, а во ПСЖ ќе треба да го замени Томас Муние.