Русија ја премина бројката од еден милион заразени

0
240

Во Русија се регистрирани 5.110 нови случаи на инфекција со коронавирус од последниот пресек, со што го надмина вкупниот број на пациенти за 1.015.000.

Тоа е рекорден број на нови пациенти од 15 август, објави кризниот штаб.

Во последните 24 часа починаа 121 пациент како резултат на инфекција со Ковид-19, што е повеќе од вчера кога починаа 114 лица, пренесува агенцијата ТАСС.

Досега од коронавирус починаа 17.649 луѓе во Русија.

Закрепнаа 832.747 пациенти, од кои 5.812 во последните 24 часа.