Русија почна со производство на вакцината

0
67

Русија почна со производство на вакцината против ковид-19, објави денеска агенцијата „Интерфакс“, повикувајќи се на министерството за здравство.

Русија соопшти дека вакцината која ја разви московскиот институт „Гамалеј“, е прва која ќе се произведува во светот. На пазарот би требало да се најде кон крајот на овој месец.

Некои научници рекоа дека се плашат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста, наведува Ројтерс.

Според многу експерти Русија премногу брзо ја најавила вакцината дека е спремна за употреба, без да ја помине третата фаза од испитувањата, која како што велат, може да биде последен и најкритичен чекор во процесот.