Руската вакцина одобрена во Србија

0
54

По „Фајзер-Бионтек“, и руската вакцина доби зелено светло за употреба во Србија.

Вакцината „спутник V“ ги помина сите потребни тестови во Агенцијата за лекови и медицински помагала. Квалитетот на руската вакцина е потврден и може да почне да се дава, информираа српските власти.

Во Србија веќе пристигнаа 2.400 дози од вакцината „спутник V“, а на почетокот на 2021 година се очекува значително поголема количина. Масовната вакцинација со „спутник V“ , веројатно, ќе почне во втората половина на јануари.

Вакцинирањето против коронавирусот со вакцината на компаниите „Фајезер“ и „Бионтек“ почна во Србија на 24 декември.