САД одобриja тест за коронавирус кој чини пет долари

0
35

Американската управа за храна и лекови издаде одобрение за употреба на тест за коронавирус, направен од компанијата „Abbott Laboratories“, кој може да помогне за поголем број тестирања.

Планот е да се испорачаат десетици милиони тестови во септември и да се зголеми производството до 50 милиони тестови во октомври, по цена од 5 долари.

Тестот е со големина на кредитна картичка, а резултатите ќе бидат готови за 15 минути. Овие тестови не се толку прецизни како оние што моментно се користат, но ќе овозможат побрзо и почесто тестирање.