САД: Повеќе од 44.000 новозаболени од коронавирус

0
233

САД пријавија уште 44.091 нови случаи на коронавирус, а починаа уште 1.324 лица, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Вкупниот број заразени во САД е 5.482.466, а 171.821 лица починале од почетокот на пандемијата, пренесува Си-ен-ен.

Податоците опфаќаат случаи од сите 50 сојузни држави, округот Колумбија и други територии на САД, како и случаи на враќање во земјата.