Санкционирани 10 диви тркачи на скопската обиколница

297

Десетмина диви тркачи со мотори се санционирани за време на акциска контрола на полицијата која била спроведена вчера на скопската обиколница.

Од нив двајца моторциклисти се приведени во Полициското одделение Петровец.

Моторциклите ќе бидат упатени во станицата за технички преглед за понатамошна постапка, информираат од МВР.