Санкционирани 123 возачи во Прилеп, меѓу кои и 21 мотоциклист

0
280

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи, вчера во периодот од 17 до 23 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во соообраќајот на подрачјето на ОВР Прилеп.

Притоа, изречени се 123 санкции, меѓу кои за управување на моторно возило без положен испит 18, за нерегистрирани возила – 35, за возење под дејство на алкохол – 4, за управување на технички неисправно возило – 9.

При контролата санкционирани се и 21 мотоциклист, кај кои се констатирани низа прекршоци, меѓу кои 6 поради управување без положен испит, 3 поради тоа што не биле регистрирани.

Министерството за внатрешни работи најави дека ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.