Санкционирани 311 возачи во Скопје, од кои 130 за брзо возење

0
257

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 311 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 130 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 17, 49 санкционирани мотоциклисти и едно привремено одземено возило, 73 мерки за непрописно паркирани возила и 78 возила подигнати со пајак (вкупно 151), а изречени се и 15 санкции за неносење  заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.